Направете вкусни енергетски плочи кои не се печат!

Подготовката е едноставна, а состојките кои ги бара рецептот, освен што се здрави, се и одлични сојузници во борбата со вишокот килограми. Во оригиналниот рецепт стои суво грозје, но сувото грозје може да го замените со друго сушено овошје.
Состојки:
150 грама лешници
150 грама бадеми
220 грама урми
130 грама сушени брусница или друго суво овошје
прстофат морска сол
лажичка екстракт од ванила
лажичка-две вода, по потреба
Подготовка на енергетски плочки:
Сите намирници, во исти количини, ставете ги во блендер и оставете го апаратот да работи околу 30 секунди.
Потоа истурете ја смесата на пластична фолија и обликувајте по желба коцки, топчиња, стапчиња …
Чувајте ги плочките во фрижидер, а рокот на траење не треба да ве загрижува бидејќи може да траат и до неколку недели.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.