Направете домашен лахмаџун, најпознатата „турска пица“, без употреба на рерна

Секако дека ни недостасуваат местата коишто прават најдобар лахмаџун во Скопје, како она во Чаршија.
Сепак, можете да си направите и дома и тоа без да ја употребите рерната. Вкусот ќе биде приближно ист, со минимален напор и малку потребни намирници.
Потребни состојки:
1 kg брашно
1 квасец (свеж или сув од ќесичка)
топла вода за замесување на тестото
сол и малку шеќер
200-300 gr мелено, говедско месо
1 поголем кромид


200 ml доматен сос
Зачини по желба – куркума, кумин, коријандер, нане…
Домати, марула, лимон, лут сос (опционално)
Начин на подготовка:
1. Го активираме квасецот во млака вода заедно со шеќерот. Замесуваме меко тесто додавајќи го брашното, малку сол и уште малку вода доколку е потребно. Всушност тестото треба да биде слично како она за пица.
2. Го подготвуваме сосот додека тестото стасува. Кромидот го сечкаме ситно, го додаваме меленото месо и пржиме на тивко. При крајот го додаваме доматниот сос и зачините по желба.
3. Кога тестото е стасано, обликуваме тенки, кружни основи, како за пица. Внимавајте тестото да е навистина тенко и пржете го во обична тава по неколку минути од двете страни, додека добро не зарумени.
4. Врз подготвеното тесто ставаме од сосот со мелено, говедско месо. Сепак, не претерувајте со филот, доволна е мала количина од него.
5. Декорираме со сечкана марула, домати, свеж лимон или лут сос по желба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.