Направете кафе „Шакерато“ за 5 минути: Рецепт за кремасто кафе без млеко

За „Шакерато“ не се потребни многу состојки, само кафе и мраз, а може да си играте и со други адитиви како слатки сирупи и додатоци или алкохол.
Направете кафе „Шакерато“ за 5 минути: Рецепт за кремасто кафе без млеко
Можете да добиете пенест крем врз еспресото и без млеко или апарат за кафе. Италијанците ја усовршиле уметноста за подготовка на убаво кафе на секој можен начин, а нивниот омилен летен пијалак е еспресо „Шекерато“, идеален за секој кој сака да ужива во вкусот на силната арома.


Кафето „Шакерато“ добро одговара со сладолед од ванила или шлаг, а Италијанците, исто така, го послужуваат и со парче лимон. Традиционално се става во чаши за шампањ или мартини, а најубав украс врз цврстата пена се зрната кафе.
Потребни состојки за еспресо „Шакерато“:
2 кратки еспреса
1 лажичка шеќер
4 коцки мраз
Начин на подготовка:
Направете еспресо и во него растопете го шеќерот.
Наполнете го шејкерот со мраз, па додајте го еспресото.
Тресете силно 30 секунди, па сипете го кафето во изладени чаши.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.