Едно најново истражување покажа дека здравјето на бебето не е условено само од однесувањето на мајката за време на бременоста.
Во истражувањето учествувале 509 жени на возраст од 18 до 42 години кои живееле во Велика Британија и во Австралија пред да забременат.
Анализираното време не го опфаќа времето (месеци или години) во кое одредени испитанички почнале да водат посебна грижа за постигнување оптимална здравствена состојба пред зачнување.
Според анализите, 96% од жените имале пониско ниво на фолати и на железо од она што требало да го имаат.
„Периодот пред зачнувањето е многу важен бидејќи прекумерната тежина, лошиот метаболизам и лошиот начин на исхрана освен што може да го отежнат забременувањето, исто така може да предизвикаат хронични болести кај децата зачнати во такви услови“, вели професорката Џудит Ственсон.
Исхраната, алкохолот и цигарите имаат огромно влијание врз здравјето на вашето потомство.
И претходните истражувања потврдуваат дека има поврзаност меѓу прекумерното внесување кофеин, алкохол и никотин и појавата на кардиоваскуларни, метаболички, невролошки и имунолошки болести кај детето што може да продолжат и кога ќе порасне.