Нашата генерација ја уништи љубовта со овие изговори!

И после 50 години брак, мојот дедо ја третира баба ми како вчера да се заљубиле. Гледајќи ги денешните врски, сите се плашат од врзување. Секој сака неговиот партнер да го сака со цело срце, но се плаши да сака со цело срце.
Никој не сака да го стави другиот на прво место. Светот се претвори во мноштво од секс за една вечер, лабави мувања и врски кои траат 4 месеци. Сите правиме нешто со некого, но никој не сака да го именува тоа што го имаме. Љубовта е во сржта на нашата човечка природа, а сепак се плашиме да сакаме, па затоа си велиме самите на себеси дека имаме право да се плашиме. Па затоа наоѓаме изговои за да избегнеме да бидеме повредени, да избегнеме да се врземе и да избегнеме целосно да се предадеме некому.
„Сакам да се фокусирам на мојата кариера и да бидам успешен/а.“
Денешниот свет е ориентиран само кон материјалното. Наместо да бидеме задоволни со тоа што го имаме, ние сакаме многу повеќе отколку што ни е потребно. Постојано работиме за другите околу нас кажат: „Ау, браво тој/таа е навистина успешен/а.“ А што е дефиницијата за успех? Автомобилите што ги возите, облеката којашто ја носите, местата на коишто излегувате?
Каде отидоа времиња кога успехот се мереше според среќата на семејството? Кога дедо ми имал 30 години, тој имал скромна работа и пристојна куќа – ништо големо, ниту луксузно, но имал овошки во градината, едноставен автомобил, среќна жена и 4 прекрасни деца.
Неговата жена ги поминала нејзините денови дружејќи се со пријателките на пазар додека децата биле во училиште. Кога тој ќе се врател од работа, тие сите уживале во прекрасниот ручек на баба и тогаш тој им помагал на децата да ги напишат домашните задачи. Дедо ми немал многу, но бил успешен.


Прекрасно е да се има цели и да се работи напорно за да се остварат тие цели. Но, повеќето од нас го користат тоа како изговор за да не ги сфаќаат сериозно врските, затоа што не сакаме да создадеме семејство и да ги преземеме одговорностите кои доаѓаат со тоа. Кога ова се случува, тоа веќе не е причина, туку изговор.
„Не може да се поправат работите. Треба да раскинеме.“
Нашата генерација доби се на готово. Се ни беше дадено. Не мора да бараме низ книгата за да ги добиеме одговорите, затоа што го имаме Гугл за тоа. Не мора да вртиме за да се јавиме, имаме телефони на допир. Не мора ни да излеземе од дома, сега има достава до дома.
Ова влијаеше на тоа да станеме премногу фрустрирани кога нема да го добиеме тоа што го сакаме, па затоа се откажуваме и продолжуваме на следното без да вложиме доволно напор за да се обидеме да го поправиме тоа што може да се поправи.
Ова е причината поради која разводите се се почести. Кога дедо ми бил помлад, разводот било последното прибрежиште, се случувал кога ситуацијата била навистина неиздржлива. Денес, разводот е нешто кон кое се вртиме секогаш кога сфаќаме дека не ги сакаме партнерите толку колку што сме мислеле дека ги сакаме и воопшто не се ни трудиме да ги поправиме работите.
Работењето и вложувањето во врските очигледно е преголем товар за нашата генерација.
Не ги цениме доволно нашите врски за да направиме жртви за да ги задржиме.
„Бракот и семејство е преголема обврска.“
Кога излегуваме со некој и немаме намера да размислуваме во посериозна насока, значи дека не ги сакаме. Ние само сакаме сега да бидеме со нив, додека бараме подобра алтернатива. Кога планираме засекогаш да бидеме со некого, престануваме да ги споредуваме со други личности и престануваме да бараме други. Нешто подобро можеби ќе се појави, но она што е важно е дека не сме ги барале додека сме биле со некој друг. Кога ќе почнеме да гледаме по други, тоа значи дека немаме искрени и правилни намери во врската и тоа е многу себично. И тоа ја уништува љубовта.


Кога семејството стана товар наместо благослов? Сериозно, кога споделувањето на животот со некого стана товар? Не зборувам за споделување храна на одмор, зборувам за споделување на задоволството кога прв пат ќе го видите лицето на вашето прво бебе.
Ако престанеме да ги гледаме овие работи како товар и почнеме да ги гледаме како чест и како нешто на коешто треба да се радуваме, можеби ќе љубиме подобро.„Ми треба слобода и простор.“
Личниот простор е една од најважните работи за среќна и долга врска. Но, дали навистина ви беше потребен простор кога разменувавте пораки со други луѓе надвор од вашата врска? Често ги користиме термините слобода и простор како изговор да флертуваме и да истражуваме нови опции.
Правиме нешто со некого само за да не бидеме осамени. Заедно сме со некого иако добро знаеме дека нема да трае. Стана сосема прифатливо да се биде во врска „ради реда“. И кога ќе најдеме некоја подобра личност, тогаш ја користиме слободата или недостатокот на слобода како изговор за да избегаме од врската. Ако не можете да сфатите дека слободата и просторот мора да дојдат со граници кога сте во врска, не ни треба да бидете во врска.
Овие прифатливи причини почнаа толку слободно да се користат што нашата генерација ги претвори во неприфатливи изговори. Вистинските врски се тешки за наоѓање, а љубовта ја губи својата вредност.
Погледнете внатре во себе пред да скокнете во нешто коешто треба да биде повеќе од „лабаво“. Не ја уништувајте љубовта за другата личност.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.