Највкусни буковки во сос

Совршено посно јадење чија тајна е во сосот. Буковките имаат благ вкус, па можете да ги комбинирате со најразлични намирници.

Печурките може да се подготват на милион начини. Кај нас воглавно луѓето консумираат шампињони, а веднаш по нив најпродавани се буковките. Токму овие вторите се еднакво вкусни, а исто така и едноставно се подготвуваат. Можете да ги похувате, да правите ориз со нив, но можете и да ги пропржите и така да направите превкусен ручек. Пржените буковки во сос се одличен предлог и кога постите.

Потребни состојки:
400 гр буковки
4 чешниња лук
20 гр свеж ѓумбир
бибер
2 листа целер
вода
масло
За сосот:

1 лажица темен соја сос
1 лажица сос од остриги
1 лажица темен сладок соја сос
1-2 лажици вода
½ лажичка пченкарен скроб
мелена пипер
Подготовка:

Во тава загрејте малку масло, па додадете толчен лук и рендан ѓумбир. По една минута додадете ги буковките исечкани по желба. Пропрскајте со малку вода, поклопете и динстајте 2 минути. Потоа додадете соја сос, сос од остриги, сладок соја сос и добро промешејте. По минута-две додадете и вода, како и скроб. Повторно добро промешајте, па оставете да се крчка уште 2-3 минути. Украсете со сечкани листови целер, мелена пипер и бибер. Можете да послужите комбинирајќи со ориз.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.