Овој сос им дава на јадењата богат вкус, а можете да го користите како маринада, сос за макање, прелив за месо и зеленчук непосредно пред печењето. Ви го претставуваме сосот теријаки…
Состојки:
1/4 шолја мед
1/4 шолја соја-сос
1/4 шолја сос од остриги
1 до 2 чешниња сечкан лук
2 супени лажици кафеав шеќер
1 лажица кечап
2 лажички мелен ѓумбир
2 лажички пропржен сусам
1/2 лажиче кромид во гранули
прстофат црн бибер
1/4 лажиче мелен цимет, по желба
Приготвување:
За почеток, стопете го медот во микробранова печка во времетраење од 20 до 30 секунди. Префрлете го во чинија и додајте ги сите состојки по ред. Сосот е веднаш готов за употреба како маринада или прелив.
Доколку, пак, сакате да приготвите пикантен сос, по ред сипете ги состојките во тавче и крчкајте ги 8-10 минути на умерен оган, со често мешање. Кога ќе забележите дека смесата спласнала и се задржува на лажицата, тргнете го тавчето од оган и оставете го 2-3 минути да се олади.
Пред послужувањето на јадењето, добиениот сос теријаки можете да го сипете врз зеленчук или месо или да го додадете како прилог.
Уживајте во пикантниот оброк!