600 г пилешки гради
100 г мортадела
100 г Моцарела
100 г кашкавал
180 мл кисела павлака
2-3 чешниња лук
2-3 гранчиња босилек
1 лажица сенф
маслиново масло
сол и мелен црн пипер
Пилешките гради исечете ги на шницли. Наполнете ги со сечкана мортадела и моцарела, и свиткајте ролати. Зачинете ги со сол и црн пипер, испржете ги на маслиново масло и ставете ги на чинија.
На преостанатата мрснотија запржете ги исечканиот лук. Додадете ги павлаката, сенфот и изренданиот кашкавал. Откако кашкавалот ќе се растопи во тавата додадете ги ролатите и оставете ги да се „крчкаат“ на тивок оган додека го впијат вкусот на сосот. На крајот зачинете со босилек, сол и црн пипер.