Најдобриот рецепт за вафли со интегрално брашно

Предлог што да подготвите за денешниот појадок.
Потребни состојки:
Шолја бело брашно
Шолја интегрално брашно
4 лажици прашок за печиво
Лажица шеќер
2 јајца
Половина лажичка сол
250 мл млеко
2 лажици масло
Лажичка екстракт од ванила
Свежо овошје


Начин на подготовка:
Во поголем сад измешајте ги првите 5 состојки. Во друг сад додајте јајца, млеко, масло и екстракт од ванила и измешајте ги со сувите состојки за да се соединат.
Ставете ја смесата во апарат за вафли според упатството за користење на апаратот. Послужете ги вафлите со овошје, крем, шлаг, чоколаден прелив – по ваша желба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.