Одличен рецепт за вашите празнични трпези.
Потребни состојки:
300-400 мл млака вода
Околу 1 кг брашно
50-100 мл масло
1 лажица сол
Малку печиво(може и без него)
Начин на подготовка:
Замесете средно меко тесто од состојките. Печиво може, но и не мора да додадете. Тегнетото се прави без квасец. Од тестото направете 8 помали топчиња кои ќе ги исукате или оформите со рацете, треба да биде со големина на чинија за десерт. Премачкајте ги со масло и оставете ги во намрсен сад 15-30 мин да постојат. Потоа од секој дел со раце на голема крпа/чаршаф или намрсена површина истегнете големи тенки корички. Влечете ги сите краеви полека и нежно до посакувана дебелина, па распоредете го филот. Ставете свеж спанаќ и сирење. Завиткајте ја кората(полесно е на крпа/чаршаф затоа што тогаш само подигнете ја крпата полека и убаво ќе се завитка)и префрлете во тава. Повторете ја постапката и со останатите кори. Пред печење попрскајте ги баничките со масло или премачкајте со јајце. Печете на 200 степени околу 20-30 минути. Оставете малку да излади па може да ги послужите. Тестото е посно така што уште една супер идеја доколку ставите и зеленчук како фил – праз, спанаќ, компир, кромид има премногу избор.