Најдобрите пијалаци за освежување во текот на летните горештини

Во текот на летните горештини од голема важност е да внесувате доволно течности во организмот за да не дехидрирате. Освен вода, уште некои пијалаци ќе ви помогнат да се освежите, пишува Eat This, Not That.
Минерална вода со вкус
Минералната вода за многумина е повкусна отколку обичната, а денес постојат низа минерални води со вкус коишто може да биде вистинско освежување. Избегнувајте ги оние со преголема количина на додаден шеќер.
Може и сами да си подготвите во домашни услови. Купете обична минерална вода и во неа додадете сок од лимон или друго овошје.
Леден чај
Чаевите се особено здрави и можат да помогнат во освежување на организмот. Содржат и големи количини антиоксиданси. Во лето е потешко да се пие топол чај па може да одберете леден чај, само избегнувајте додаден шеќер.
Спортски пијалаци
За да се освежите одберете ги пијалаците наменети за спортисти, само внимателно со изборот. Побарајте пијалак богат со електролити кои ќе ве заштитат од дехидрација.
Кафе
Ако внесувате преголема количина кофеин во телото ќе делува како диуретик. За да има таков ефект на организмот, би требало да испиете околу 5 шолји кафе на ден. Но, умерени количини можат да ве освежат.
Сокови од зеленчук
Соковите од зеленчук се поздрава опција од овошните сокови, а секако ќе ви помогнат да се освежите. Ако не ви се допаѓаат, може да јадете зеленчук што содржи голема количина вода како краставици, пиперки, зелена салата и слично.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.