Зошто треба да јадеме урми на празен стомак?

Урмите уште се нарекуваат здрави колачи кои растат на дрво. Тие претставуваат слатко овошје кое по изгледот се слични на маслинките (имаат плод и семка). Растат собрани во гроздови, на палми, лесно се берат, чуваат и транспортираат и се многу важен дел од животот и историјата на Арапските Земји. Со тек на време, од Арабија се пренесени во Египет, Азија и Европа.

Зошто треба да јадеме урми на празен стомак?

Урмите имаат широк спектар на здравствени и нутритивни вредности кои претставуваат најздраво овошје на светот. Одличен извор на растителни влакна кои му се неопходни на телото за добро работење на цревата.

Природниот шеќер што го содржат е совршена алтернатива за обичниот шеќер. Лесно сварливи, го намалуваат чувството на глад, а освен со јаглехидрати изобилуваат и со витамин Б6, витамин А, фолна киселина и минерали(железо, магнезиум, бакар, калциум).

Хранливите материи најдобро би се искористиле доколку изедете неколку урми на гладен стомак.

Одлични се за подобрување на ослабена крвна слика, бидејќи содржат многу железо.
Содржат лутеин и зеаксантин, кои уште се нарекуваат “витамини за очи”, неопходни за добро здравје на очите.
Бидејќи содржат калиум поволно делуваат при дијареа, покачен крвен притисок и превентивно против мозочен удар. Исто како што спречуваат дијареа, така можат да делуваат за побрзо варење на храната.
Неколку урми потопени во вода, преку ноќ, пуштаат сок, кој делува лаксативно и ги стимулира мрзливите црева.
Содржат фосфор, кој има важна улога како храна за мозокот. Од таа причина урмите се препорачуваат во исхраната на оние кои се бават со интелектуална работа.
Имаат способност да го намалат и лошиот холестерол.
Урмите го зајакнуваат телото и зголемуваат нивото на енергија, па ја зголемуваат и сексуалната издржливост.
Содржат и флуор, значаен минерал неопходен во борбата против кариес кој спречува крварење на непцата.
Идеални се за оние кои постат, но и оние кои се на диета, затоа што го зголемуваат чувството на ситост. Но не претерувајте со јадењето, бидејќи сепак се висококалорични овошја.

Пронајдете не на следниве мрежи: