Имунолошкиот систем е загрозен од бројни фактори како стрес, недостиг на сон, лоша и неурамнотежена исхрана, вируси, бактерии…
Поради сето тоа, на имунитетот му е неопходна константна дополнителна грижа за да остане зачуван и да го штити вашето тело од сите надворешни и внатрешни “непријатели”. Затоа е потребно да му обезбедите добар “материјал” за да може на најдобар начин да ја врши својата работа.
Да не го заборавиме најважното – имунолошкиот систем е клучен во борбата против слободните радикали кои се помеѓу водечките причинители на канцер, а е од витално значење и за зачувување на интегритетот на здравите клетки на организмот.
Денеска ви претставуваме традиционален рецепт кој ќе го зајакне вашиот имунитет, а истиот е сочинет од 3 потполно природни состојки.
Сè што е потребно е наутро кога ќе станете, на празен стомак да испиете мешавина која содржи 1 лажичка кокосово масло, 1 лажичка органски цимет, црн мелен бибер (на врв на лажичка) и 1 лажичка млака вода. Смесата промешајте ја и испијте ја, а потоа не појадувајте во наредните 30 минути.
Освен што ќе го зајакне вашиот имунитет до максимум, оваа мешавина ќе го обложи вашиот желудник и ќе ги намали евентуалните тегоби со варењето или желудочната киселина, благодарение на кокосовото масло кое има благотворно дејство врз желудочната флора.