Не престануваат понижувањата. За името се лицитира како да сме на пазар… „Република Илинденска Македонија“ е нов предлог за името кое според дипломатски извори е понудено од македонската страна во преговорите. Според истите извори, било кое име, па и “Република Илинденска Македонија“ ќе мора да биде за севкупна употреба како што инсистира Грција. Иако како најблиско решение досега се спомнуваше името „Република Горна Македонија“, напишано одвоено и со превод на англиски, наши извори тврдат дека „Република Илинденска Македонија“ е предлог по последниот сет разговори кои се одвиваа помеѓу двете страни. Според досегашните информации, доколку дојде до договор за меѓународно име на државата, тоа треба да биде запишано во Обединетите нации, а по уставните измени, се предлага да биде име за севкупна употреба. По денешната средба помеѓу македонскиот и грчкиот премиер, Зоран Заев со поголем оптимизам отколку Алексис Ципрас. Грчкиот премиер кажа дека се уште не може да се зборува за договор. – Грција и Поранешната Југословенска Република Македонија (ФИРОМ) направија прогрес во разговорите за името, но сe уште не се во позиција да зборуваат за договор, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас, по средбата со премиерот Зоран Заев во Софија, пренесе „Катимерини“. Од друга страна, Зоран Заев Заедно кажа дека со Ципрас разгледале можни опции за креативни решенија, кои македонската страна ги презентирала во последната фаза од преговорите. – Следуваат консултации во двете земји, со релевантните политички фактори, информира Заев на прес-конференцијата во Софија. Премиерот нагласи дека со Ципрас суштествено разговарале за неколку опции, при што утврдиле една опција, која може да биде прифатлива за двете страни. Продолжуваат консултации на домашен терен во двете земји. Заев нагласи дека доколку е можно практично спроведување на тоа решение, тогаш всушност има решение. Премиерот не прецизираше за какво решение станува збор, ниту директно одговори дали на средбата станало збор за промена на македонскиот Устав…
Другариве си зборат за некакви „креативни решенија“. Ајде Грците и да ги разбереме. Но нашиве да ги прашаме дали се при себе? Дали знаат што воопшто прават? И секако да ја прашаме опозицијата зошто молчи и дали и таа е при себе? Се чини дека ВМРО-ДПМНЕ е со загубен компас. И нема јасен правец кој би го зафатило а истиот би донел сигурност кај Македонците дека имаат заштитник на своите интереси. Ништо ново.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.