Принцезата од Монако која ја нарекуваат и „најтажната принцеза на светот“ неодамна се појавила на еден настан, а луѓето веднаш ја забележале промената во нејзината препознатлива фризура.
Имено, принцезата Шарлин заедно со принцот Алберт и остатокот од кралското семејство одлучила да присуствува на трката на Формула 1 во Монте Карло, каде го покажала својот нов имиџ.
Таа одлучила да направи промена и сега има кафеава боја на коса, но ја задржала фризурата во својот препознатлив, краток стил. За таа прилика, Шарлин носела долг темносин фустан без ракави, со ленти во боите на виножитото. Принцот Алберт за своето појавување одбрал темно сако, беж панталони, бела кошула и вратоврска со дезен.
Принцезата Шарлин му го врачила трофејот на второпласираниот возач, Фернандо Алонсо, додека принцот Алберт за победата му ја предал наградата на Макс Верстапен.
За потсетување, принцезата Шарлин во 2021 година го привлече вниманието на јавноста бидејќи беше на лекување во психијатриска институција во Швајцарија, чии детали сè уште не се познати. Наводно таа била во лоша психичка состојба бидејќи принцот Алберт ја злоставувал, поради што и ја нарекоа „најтажната принцеза на светот“.