Има ли нешто поубаво од тоа кога сте сигурни дека целосно уживате во здрав, превкусен десерт?
Полн вкус на чоколадо, мека текстура на колач – никој не може да остане рамнодушен. Уште кога ќе слушнете дека многу лесно и брзо се подготвува, и дека е целосно здрав за вашето семејство, има ли подобар спој?
Затоа одлучивме да ви го пренесеме рецептот, доколку сте љубител на десерти и чоколадо и сигурно ќе уживате во тоа.
Потребни состојки:
– 180 грама темно чоколадо
– 140 грама путер
– 7 јајца.
Подготовка:
Стопете го чоколадото на пареа, и пред крајот додадете го путерот, се додека не ја добиете потребната смеса.
Жолчките и белките одвојте ги. Во еден сад изматете ги жолчките, а потоа додадете го растопеното чоколадо. Најдобро е да биде малку изладена и да ставате од чоколадото полека, за јајца да не се ‘зготват’ од топлината.
Белките изматете ги додека не станат цврсти во друг сад, а потоа малку по малку со лажица ставајте ги во смесата со чоколадото.
Смесата ставете ја на кујнска хартја за печење во сад. Колачот покриете го со фолија. Овој сад ставете го во друг поголем сад, а потоа ставете вода до половина од калапот.
Печете околу 25 минути во загреана рерна од 150 степени. Колачот послужете го со овошје, сладолед или шлаг.