Морето е дар од природата, а ние го обожаваме. Уживањето на песокот и во морската вода е единствениот „лек“ во кој луѓето навистина уживаат. Тоа е добро за расположението, но и за здравјето. Морската вода во просек содржи 3,5% сол, како и магнезиум, сулфати и калциум. Постои долга листа за неговото лековито дејство, но денес ќе се фокусираме на најчестите и најголемите здравствени придобивки.
Ја чисти кожата
Минералните соли во комбинација со сонцето ја регенерираат кожата. Како резултат на тоа, акните, псоријазата и некои други кожни проблеми можат да се излекуваат со помош на морската вода.
Го јакне имунитетот
Бројот на црвени крвни зрнца се зголемува помеѓу 5% и 20% после капењето во морската сол. Бројот на белите крвни зрнца се зголемува и повеќе од тоа. Затоа морската вода е сјаен лек за оние кои имаат слаб имунитет, анемија или зголемено ниво на шеќер во крвта.
Го забавува развојот на реума
Морската вода со комбинација на вежби е сјаен лек за болката во мускулите и коските, артритисот и проблемите со циркулацијата.
Ја ублажува анксиозноста
Поради тоа што содржи магнезиум, морската вода смирува. На луѓето кои се под стрес им се препорачува да поминуваат повеќе време на плажа, не само поради опуштената атмосфера туку и поради лековитото дејство на водата.
Помага при проблемите со дишење
Луѓето кои патат од астма, кашлица и други респираторни проблеми треба да поминуваат повеќе време на плажа за да го вдишуваат воздухот. Тие исто така треба и да пливаат во морската вода. Солената вода го поттикнува елиминирањето на токсини кои ги „напаѓаат“ белите дробови.
Ги чисти цревата
Внесувањето сосема мала количина морска вода (која веројатно ја голтате за време на пливањето) поттикнува чистење на цревата, детоксикација на телото и обновување на енергијата, особено кај децата.
Помага при проблемите со црниот дроб и бубрезите
Морската вода го забрзува процесот на обновување на клетките, особено кај оние со болести како цироза на црниот дроб. Исто така, помага во елиминација на вишокот вода насобран во абдоменот која може да настане како последица на болеста
Ја спречува несоницата и ги ублажува симптомите на депресија
Со тоа што помага да се нормализира крвниот притисок и ја ублажува нервозата, денот поминат на плажа може да ви помогне полесно да заспиете, а исто така е и природен начин за подобрување на расположението.