Пред да излезете надвор, поради пеколните температури препорачливо е да нанесете заштита од сонце, за да може кремата целосно да се впие во кожата и да ве заштити.
Оние кои не го направиле тоа, покажале на ТикТок што им се случило.
Изгорениците од сонце може да бидат многу сериозни. Оштетувањето на кожата предизвикано од УВ зраците, го зголемува ризикот за рак на кожа.
@meghanlonSunburn Remedy #sunburn #sourcream #foryoupage #fyp♬ Sunset Lover – Petit Biscuit
Може да дојде и до сериозен топлотен удар, што е опасно за повозрасните лица, деца и луѓето со здравствени проблеми.
Исто така, важно е да ја заштитите главата за време на високите температури, бидејќи, ако не носите капа, сонцето може да ви нанесе дополнителни компликации со здравјето.
После капењето и бришењето, повторно нанесете заштитен фактор, а истото повторувајте го секои два часа.
@madchrissReply to @kenny_boo_ lil update
Корисниците на ТикТок споделиле што им се случило откако не се заштитиле од сонцето, а сигурно не би сакале истото да ви се случи и вам.