Високото ниво на калиум ги квалификува како „врвно овошје“, кое им помага на сите кои страдаат од висок крвен притисок.
Бананите се исклучително хранливо и специфично овошје, а многу луѓе не знаат дека токму редовното консумирање на оваа намирница влијае на продолжувањето на животниот век и на општата состојба на организмот.
Како што објаснуваат нутриционистите, високото ниво на калиум ги квалификува како „врвно овошје“, кое им помага на сите кои страдаат од висок крвен притисок. Хипертензијата и срцевите заболувања предизвикани од неа се многу честа причина за прерана смрт. Затоа планирањето на менито во согласност со препораките на лекарите е многу важно во борбата против „тивкиот убиец“ како што често се нарекува хипертензијата.
Нутриционистите препорачуваат да јадете 4 банани неделно. Калиумот е исто така важен бидејќи може да го намали ризикот од рак на бубрезите, велат лекарите. А не помалку важен е фактот што бананите ги зајакнуваат нашите ментални и физички способности, како и емоционалното расположение.
Тие се добар извор на јаглехидрати, кои го хранат мозокот и мускулите. Тие исто така содржат триптофан и витамин Б6, кои овозможуваат производство на серотонин во телото. Покрај сето тоа, бананите се добри и за варењето. Сепак, тоа не значи дека треба да претерате. Умереноста е клучот за добра исхрана.