Дури и луѓето кои се обично елоквентни и „муабетчии“ може да станат необично тивки и повлечени кога се на романтичен состанок со личност што им се допаѓа.
Првите состаноци се како интервјуа за работа, па разговорите најчесто се вртат околу општи информативни теми како работното место, образованието, луѓето кои ги познавате, вашите хобија и интереси.
Но, колку и да е тоа во ред и корисно, за да го запознаете навистина човекот кој седи спроти вас, тие разговори нема да ви ги дадат одговорите што ги барате.
Првиот романтичен состанок со личноста која ви се допаѓа и сметате дека би можеле да имате длабока и значајна врска, всушност треба да биде аудиција за емотивниот капацитет што е потребен за градење и одржување на една таква врска.
Целта на разговорот мора да биде да се сфати длабокото ниво на личноста на човекот со кој разговарате.
Екипата на The School of Life предлага неколку прашања со кои ќе ги добиете овие одговори на состанок.
Исто така, имајте предвид дека и вие самите ќе треба да се отворите по овие прашања.