Не ја фрлајте водата во која се варат компири – таа е суво злато за здравјето: Ги ублажува болките кои ги има речиси секој трет Македонец

Откако ќе ги свариме компирите, обично брзаме да ја истуриме водата во која се варени.

Меѓутоа, откако ќе го прочитате овој текст, добро размислете дали ќе го повторите тоа, бидејќи водата во која се вареле компирите може да биде многу корисна за здравјето.

Се пие за смирување на кашлицата, но може да се користи и за вдишување при настинка. Исто така, поддржувачите на традиционалната медицина советуваат да се зема вода во која се вареле компири во случај на физичко и психичко преоптоварување, бидејќи го ублажува заморот и стресот.
Воедно, се препорачува да се користи за отстранување на калуси на кожата на рацете и за изедначување на тонот на кожата.

Контраиндикации
Ако одлучите да ја пробате водата во која се вареле компирите, не заборавајте дека овој лек има контраиндикации. Затоа, луѓето со нетолеранција на компири, ниска киселост на желудечниот сок, дијабетес и низок крвен притисок, треба да ја избегнуваат оваа течност.

Како да изберете компири?
Треба да изберете вистински компир – не само за да користите квалитетен производ, туку и да подготвите здрава и ефикасна течност. Кртолите треба да имаат еднаква боја и да бидат прилично цврсти. Ако најдете зелена дамка на крлотата, не ја купувајте. Тоа може да значи дека компирот е погрешно складиран, а во нив се акумулирала штетната материја соланин. Купете млад компир, тие имаат тенка кора што лесно се отстранува. Ако на кртолата се појавила влага, тоа значи дека може да има зголемена содржина на нитрати.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.