Неверојатната разлика меѓу носење и неносење маски

Истражување објавено во медицинското списание Thorax покажа колку е важно носењето маски во блокирање на честичките кои излегуваат од нашите уста и нос.
Преку експеримент е прикажан ефектот на маските во спречување на ширење на патогени од нашите уста и нос додека зборуваме, кашламе и киваме.
Патогените вируси се шират меѓу луѓето по пат на ситни капки кои заразениот човек ги исфрла од устата или од носот. Колажот од снимки илустрира колку различните маски спречуваат ширење на капките во однос на тоа кога не носиме маски.
Во текот на зборување, дури и носењето на еднослојна маска значително ја намалува количината на исфрлени капки. Во случај на кашлање и кивање, двослојната маска е поефикасна од еднослојната. Колку повеќе слоеви има маската, толку подобро.
Сепак, утврдено е дека хируршката маска дава најдобра заштита.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.