Козјото млеко има малку потежок вкус на кој не сме навикнати, но според хранливоста е поздраво и подобро од кравјото млеко кое е најлесно достапно во маркетите.
Според повеќе истражувања, неговата хемиска структура е најслична до мајчиното млеко, па затоа и се препорачува бебињата по одбивањето од доење да се дохрануваат со козјо, наместо со кравјо млеко.
Во традиционалната медицина се користи како помош при олеснување на симптомите на кардиоваскуларни нарушувања, како и против создавање на камење на жолчката.
Козите често јадат кора од дрвја, па затоа нивното млеко е богато со силициум, минерал кој позитивно влијае врз кожата, ноктите и нервниот систем. Содржи и многу протеини, а што е најважно, има помал процент на лактоза во споредба со кравјото.
Ова млеко е богато со состојки кои помагаат во обновување на коските, ги олеснуваат симптомите на остеопороза, го регулираат крвниот притисок, ја подобруваат работата на бубрезите и е препорачливо за оние кои страдаат од анемија и недостаток на железо.