Неколку совети за детокс на организмот по новогодишната ноќ

Новогодишните празници се најкритичниот период од годината кога станува збор за здравјето на организмот. Тешко е да одолееме на богатите трпези, па често претеруваме со внесот на висококалорична и нездрава храна.
Големата количина на храна, шеќери и алкохол предизвикува проблеми на дигестивниот систем, кожата и зглобовите, па затоа на телото му е потребно да се врати во природната рутина и хармонија.
Детоксикацијата е природен процес во кој организмот редовно ги елиминира токсините, а на овој процес може да влијаеме позитивно или негативно со својот начин на живот. Затоа, за време на празниците треба да внимаваме на здравјето на црниот дроб, пишува Klix.ba.
За време на празниците кога знаеме дека ќе имаме разновиден ручек, треба да доручкуваме и вечераме храна која лесно се вари во организмот.
Пред ручек и вечера треба да внесувате повеќе вода и чаеви или супа. Јадете помалку, со паузи, а со задолжителна оброк-салата.
Неколку дена по празниците консумирајте супа, риба, грав, леќа, просо.
Задолжително консумирајте зелен лиснат зеленчук, кисела зелка, чај од шипка, брокула, карфиол и пијте многу вода. Исто така, излегувајте на прошетки во природа.
Најголемата грешка која луѓето ја прават е тоа што не ги слушаат потребите на сопствениот организам.
Нашиот организам е најдобар показател за тоа која храна му одговара, а која не.
Кога станува збор за изборот на храна, може да забележиме дека со неправилен избор се појавуваат симптоми како надуеност, грчеви, гасови, тврда столица, нервоза, анксиозност, неквалитетен сон и алергиски реакции. Недоволниот внес на вода, нередовните оброци, кафето на празен желудник се исто така некои од честите грешки кога станува збор за исхраната.
Здравата и умерена исхрана е важна за здравјето на организмот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.