Нели кукавичко јајце на СДСМ?! Мицкоски за оставката на Комисијата за помилување: Кога ќе се згреши, ако се превземе одговорност, тогаш тоа е доблесно

Жив човек кој работи, знае и да погреши. Кога ќе се констатира грешката, ако се преземе одговорност, тогаш тоа е доблесно, е коментарот на премиерот Христијан Мицкоски за колективната оставка што вчера ја поднесоа членовите на Комисијата за помилување по реакциите во јавноста за последното помилување по повод празникот 23 Октомври.

– Констатирана е очигледно грешката и единственото нешто што тие го имаа како морален чин е да се повлечат и тие тоа и го направија, така што очекувам тука да се затвори таа тема во јавноста, изјави денеска Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата по потпишувањето на првата транша од 250-те милиони евра наменети за капитални инвестиции во општините.

Комисијата за помилување синоќа си поднесе колективна оставка, која беше експресно прифатена од претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

За колективната оставка на Комисијата информираше професорот Гордан Калајџиев на Фејсбук, наведувајќи дека оставката ја поднесуваат од лични и професионални принципи.

– Оваа одлука ја донесовме во согласност со нашите лични и професионални принципи, стои во објвата на Фејсбук потпишана од проф.др Методија Каневчев, проф.др. Гордан Калајџиев, проф.др. Арлинда Кадри Шахиновиќ, др. Зора Митиќ, м-р Ана Ѓорѓиева Ивановска и Ајтен Шаќири.

Од Кабинетот на Сиљановска-Давкова информираа дека претседателката ја прифатила оставката и дека во следниот период ќе изврши консултации за новиот состав на Комисијата, како и за институционалните и законски слабости што постојат во системот за помилување на осудени лица.

Пронајдете не на следниве мрежи: