Неодолив десерт за секое време



Потребно е:

500 гр готови тенки кори за пита
200-300 мл мешавина од вода и масло
150-200 гр мед
1 лажичка цимет
1 лажичка рендана кора од лимон

за посипување:

шеќер во прав

Подготовка:

Во мало тенџере загрејте го медот додека не стане течен за премачкување. Потоа додадете рендана кора од лимон и цимет. Добро измешајте. Едната кора премачкајте ја со мешавина од вода и масло, а одозгора нанесете слој мед и цимет. Постапката повторете ја додека не наредите 4 кори, а потоа внимателно свиткајте ги во форма на ролат. Намачкајте го врвот на питата со мешавина од масло и вода. Префрлете ги во плех обложен со хартија за печење. Се пече околу половина час, во рерна загреана на 180 степени додека не порумени. Готовата пита посипете ја со шеќер во прав. Добар апетит!

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: