Неодоливи полнети шницли со печурки и кашкавал

Гурмански специјалитет за целото семејство – брзо и лесно. Полнетите шницли посипете ги со кашкавал и печурки, па печете ги во рерна.
Од мелено месо може да се направат различни специјалитети, а полнетите шницли се меѓу најпопуларните рецепти. Најчесто ги правиме само од мелено месо, но пробајте да ги посипете со зеленчук и кашкавал, а потоа да ги печете во рерна. Неверојатно се вкусни и сочни, а подготовката воопшто не е комплицирана и не трае долго.

Потребни состојки:
800 гр мешано мелено месо
4 парчиња леб
4 чешниња лук
1 кромид
сол
бибер
Плус:
1 кромид
1 морков
400 гр печурки
3 лажици кисела павлака
1 јајце
150 гр кашкавал

Подготовка:
Меленото месо зачинете го со сол и бибер, исечете го лебот и кратко натопете го во вода. Во блендер ставете го крупно исечканиот кромид, како и лебот кој претходно добро сте го исцедиле. Изблендирајте, па додајте ја смесата во месото. Сè убаво соединете и одвојувајте го месото (околу 80 гр) и формирајте шницлите. Наредете ги на плех обложен со хартија за печење. Во тавче пропржете рендан морков и исечкан кромид, па истурете во сад. Потоа пропржете ги сечканите печурки и додајте ги во зеленчукот. Зачинете со сол и бибер и прелијте со павлака. Измешајте и добиената смеса прелијте ја врз полнетите шницли. Одозгора посипете рендан кашкавал и печете во рерна на 200°C околу 20 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.