Како што дознава Инфомакс, пред малку во скопската кафеана Воденица е уапсен и спроведен во полициски станица еден од најпознатите градежници Ивица Георгиевски попознат под прекарот Фреди сопственик на градежната компанија „БИСИ“.
Ивица Георгиевски е поранешен директор на Агенцијата за млади и спорт во периодот 2006-2008 кој потоа стана и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Георгиевски на позицијата директор на Агенцијата за млади и спорт започна исклучително плодна соработка со Александар Николоски кој тогаш е претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Потоа Георгиевски помина целосно во приватниот сектор и се повлече од политиката, но во јавноста се погласни се шпекулациите дека тој е бизнис партнер со потпретседателот на Владата Александар Николоски и дека Георгиевски е лицето во бизнис делот, а Николоски е задолжен за политичкиот дел од работата, како и трговија со влијание кога станува збор за урбанистички планови, градежни дозволи итн.
Како што дознаваме, а за истата тема разговаравме и во емисијата „Тешки Муабети“ на Инфомакс, Георгиевски неодамна извршил огромен притисок со цел да се здобие со атрактивна градежна локација во општина Штип. Истата локација претходно ја поседувала друга градежна компанија од Штип која ги поминала речиси сите проецедури и била подготвена да гради.
Георгиевски без задршка ги активирал сите полуги кај власта, притисок бил вршен и по градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, а шпекулациите велат дека на случајот работел и самиот министер за транспорт и врски, Александар Николоски.
Веројатно она што ја прелеало чашата бил моментот на закани по животот на штипскиот бизнисмен и неговата блиска фамилија кој речиси сигурно се одлучил да го пријави случајот кај належните органи. Неофицијално Георгиевски е уапсен со бележани банкноти, во врска токму со изградбата луксузна населба во Штип.
Ова не е изолиран случај кога Георгиевски имал проблеми со законот. Имено минатата година Основното јавно обвинителство отвори истрага за загинатиот градежен работник на компанијата „БИСИ“, по текст на Инфомакс.
На 17.11.2023 во 15.33 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Пиринска“ во Скопје, на објект во изградба, при вршење работни задачи, Т.М. се здобил со тешки телесни повреди, по што е пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде во 16.50 часот починал, претходно информираа од МВР.