400 г шеќер
300 г мелени бисквити
300 г мелени лешници
300 г маргарин
200 г чоколадо
200 мл вода
1 екстракт од ванила
Од водата и шеќерот сварете шербет. Во тенџерето додадете ги бисквитите, лешниците и маргаринот. Измешајте ја смесата и половината ставете ја во правоаголна тава, прекриена со фолија.
Во преостанатата смеса додадете го чоколадото и измешајте за да се растопи. И оваа смеса нанесете ја во тавата. Изладете и исечете го колачот на парчиња.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.