6 копани
500 г исчистена тиква
500 г лупени компири
3 цвекла
2 лимона
1 главица кромид
100 мл јогурт
2 лажици исечкан копар
сечкан магдонос
маслиново масло
сол и мелен црн пипер
Зеленчукот исечкајте го на парчиња, а лимоните на кругови, и ставете ги во длабок сад. Попрскајте со маслиново масло, наросете сол и црн пипер, и додадете го магдоносот. Добро промешајте и ставете во тава, обложена со хартија. Наредете ги пилешките копани, па посолете и зачинете со црн пипер. Печете околу 45 минути на 200 степени.
Во меѓувреме направете сос од јогурт, копар, 1 лажица маслиново масло, сок од половина лимон, сол и мелен црн пипер.