Животот на новородената ќерка на новозеландската премиерка Јасинда Ардерн сигурно не е здодевен.
Таа има само три месеци, а веќе со нејзината мајка била на самитот на Обединетите Нации, добила сопствена (лажна) акредитација, а нејзините пелени биле менувани пред јапонската делегација во Њујорк.
Тримесечната Неве Те Ароха веднаш станала ѕвезда. Премиерката Ардерн ја повела својата ќеркичка на главниот самит на Обединетите Нации, а додека мајка ѝ била зад говорницата, малечката Неве ја гледала во прегратките на Кларк Гејфорд, сопругот на новозеландската премиерка.
Јасинда Ардерн била шест недели на породилно отсуство по што грижата за малечката ја презел таткото на девојчето, со цел таа да се посвети на премиерските обврски.
38-годишната премиерка е втората избрана политичарка која родила дете за време на мандат, по пакистанската премиерка Беназир Буто во 1990 година.
Because everyone on twitter’s been asking to see Neve’s UN id, staff here whipped one up.
I wish I could have captured the startled look on a Japanese delegation inside UN yesterday who walked into a meeting room in the middle of a nappy change.
Great yarn for her 21st. pic.twitter.com/838BI96VYX— Clarke Gayford (@NZClarke) September 24, 2018
Кларк Гејфорд ја објавил (лажната) акредитација за влез на својата ќерка и напишал:
“Би сакал да можев да ги снимам погледите на лицата на јапонската делегација вчера во зградата на ОН кога пристигнаа на состанокот додека се менуваа пелените на Неве. Ќе имаме одлична приказна за нејзиниот 21-ви роденден”, напишал Гејфорд.