Светлана Цеца Ражнатовиќ на својот Инстаграм објавила фотографија која е стара повеќе од една деценија.
Имено, Цеца објавила фотографија додека Анастасија била мала, на која таа се обидува да ја нашминка.
– Кога мама те шминка – напишала Цеца
Имено јавноста е сведок дека Цеца во времето кога нејзините деца останаа без својот татко беше посветена мајка и речиси сѐ им дозволуваше, па дури и често ги носеше со себе на настапи и концерти.