Што се случува во нашето тело кога одиме на спиење со празен желудник?
Многумина одат во кревет со празен желудник, не јадат со часови пред спиење. Без оглед на причината, ова и не е баш толку добра одлука како што мислите.
Одвреме-навреме нема да се случи ништо посебно, но ако ви прејде во навика…
Во тој случај би можело да влијае на нивото на инсулин, холестеролот и работата на тироидната жлезда, а тоа може да доведе до дисбаланс на хормоните кои потоа може да предизвикаат бројни други проблеми.
Чувството на глад пред спиење може да предизвика несоница. Мозокот ќе добие информација дека сте гладни и нема да ви дозволи цврсто да заспиете.
Гладувањето во вечерните часови нема да ви помогне ни кај слабеењето. Телото ќе ги акумулира маснотиите за да ја „зачува“ енергијата. Неретко луѓето кои не јадат навечер го прескокнуваат појадокот. Таквите личности почесто се лошо расположени.