Ниту пирето не е толку вкусно: Кремаст компир во сос од сирење кој ќе го обожавате!

Гратинираните компири се всушност компири печени во кремаст сос од сирење и млеко, понекогаш покриени со лебни трошки. За ова јадење обично се користи и кромид.
Кога правите гратиниран компир, задолжително изберете сирење со појак вкус, како пармезан, тврд чедар или гриер.
Француските готвачи не го кријат својот главен трик за приготвување на овој компир: наместо да користат веќе рендано сирење, тие директно го рендаат, поради што уште подобро се топи на високи температури.


Состојки:

  • 4 црвени компири со средна големина
  • 1 кромид
  • сол и бибер по вкус
  • 3 лажици путер
  • 3 лажици брашно
  • ½ лажичка сол
  • 2 чаши млеко
  • 1 ½ сирење по желба
    Подготовка:
    Загрејте ја рерната на 200 степени и премачкајте го садот за печење со путер.
    На дното на садот наредете половина од компирите, претходно исечени на тенки кришки од половина сантиметар, а одозгора ставете тенко исечен кромид. Потоа наредете ги преостанатите компири. Зачинете со сол и бибер по желба.
    Растопете го путерот во тава на средна температура, а потоа измешајте ги брашното и солта и мешајте со жица една минута. Потоа додадете млеко и варете со мешање додека не се згусне. Потоа изрендајте го сирењето и мешајте додека не се растопи, од половина минута до минута.
    Со оваа смеса од сирење прелијте ги компирите, па покријте го садот со алуминиумска фолија.
    Печете околу еден час.
    Имајте на ум дека, по желба, можете да додадете зачини за да го подобрите вкусот, но тоа не е неопходно ако користите квалитетно сирење.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.