Дијалогот меѓу Белград и Приштина продолжува во петок во Брисел, со надеж дека двете страни ќе го потпишат договорот за регулирање на односите на северот на Косово, од што зависат евроинтегративните процеси на двете земји.Портпаролот на Високата претставничка на ЕУ Маја Коцинајчиќ во четвртокот потврди дека ќе има нова средба и додаде дека разликите во ставовите на двете страни се многу мали.„Високата претставничка на ЕУ Кетрин Ештон мора да го состави извештајот до понеделник и би сакала и двете делегации уште еднаш да ги погледнат сите предлози и да видат дали е можен договор“, рече во четвртокот Коцијанчиќ за РТС.Последната рунда разговори во средата заврши без договор, по 13 часа преговарање.Ештон во средата вечер изјави дека се надева оти Белград и Приштина до понеделник ќе се договорат околу спорните прашања и ќе постигнат договор и оцени дека јазот меѓу двете страни сега е „тесен и плиток“.И косовската министерка за евроинтеграции Вљора Читаку на својот Твитер напиша дека косовската делегација се враќа во Брисел ид ека дијалогот продолжува.
МакфаксДијалогот меѓу Белград и Приштина продолжува во петок во Брисел, со надеж дека двете страни ќе го потпишат договорот з