Нова несреќа во Олимпик Бич: На истата плажа се удави уште еден Србин

Педесетгодишен маж вчера, најверојатно доживеал инфаркт додека се капел во морето. Го поклопил бран, по што се наголтал вода и починал. Ова се случува само една недела откако на истата плажа во грчкото летовалиште Олимпик Бич се удави 19-годишниот Стефан, исто така од Србија.
-Во Олимпик Бик само што се удави постар човек од Србија. Наводно доживеал инфаркт, па се наголтал вода. Секоја чест за спасителите кои беа искритикувани пред една недела кога се удави момче од Србија. 15 минути се обидуваа да го оживат, а дури по пола час стигна Итната помош… Сакам да ги предупредам туристите кој доаѓаат на море со своите родители, пријатели и роднини кои се во поодминати години, да не ги оставаат без надзор и да апелираат до нив да не се одалечуваат од брегот,  напиша еден очевидец на Фејсбук страницата “Грција инфо“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.