Доколку за време на празниците се прашувате како да направите брз десерт кога имате милиони други обврски, британскиот готвач Тамал Бејкер го има одговорот – магичен Нутела пудинг со малинки.
Покрај тоа што ова е вкусен десерт во кој ќе уживте, одлично е тоа што сите потребни состојки ги имате веројатно дома.
Подготовката на пудингот од Нутела трае 20 минути, но десертот може да се јаде дури после два часа.
За подготовка Ви се потребни 250 грама млечно чоколадо, 350 грама слатка павлака за готвење, 250 грама Нутела, 100 грама малинки и 60 грама шеќер во прав.
Чоколадото скршете го на неколку парчиња и заедно со слатката павлака ставете ги во сад да се приготвуваат на ниска температура. Полека загрејте ја плотната и мешајте ја смесата, додека чоколадото не се стопи.
Потоа во смесата додадете ја Нутелата и мешајте додека не добиете густа и слатка смеса.
Откако пудингот ќе биде готов, наредете ги малинките на дното на чинијата, а потоа ставете пундиг преку нив. Оставете десертот да отстои два часа, да се олади во фрижидер.
Кога пудингот ќе се олади, рамномерно ставете шеќер во прав па карамелизирајте го.