ЗА ПАНДИШПАН
5 јајца
10 лажици шеќер
15 лажици брашно
4 лажици Нутела
1 ванилин шеќер
1 прашок за печиво
ЗА ФИЛ
750 мл хопла
6 лажици Нутела
200 г чоколадо
Јајцата изматете ги со шеќерот. Додадете ги Нутелата, ванилиниот шеќер, брашното и прашокот за печиво. Испечете пандишпан и исечете го на 3 ленти.
Изматете ја хоплата, додадете ја Нутелата и измешајте го филот. Премачкајте 2 кори пандишпан и ставете ја третата кора. Филувајте ја тортата и нанесете растопено чоколадо.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.