Американскиот претседател Барак Обама, кој се очекува во вторникот навечер по македонско време да го објави повлекувањето на половина од американскиот контингент, околу 34 илјади војници, од Авганистан кон почетокот на 2014 година, веќе ги информирал за својата одлука авганистанскиот претседател Хамид Карзаи и на лидерите на Велика Британија и Германија, јави авганистанската агенција Pajhwok.Претходно, западните медиуми, повикувајќи се на неименувани извори, објавија дека американскиот претседател Барак Обама ќе даде изјава за повлекување на војници во неговото традиционално обраќање до Конгресот во вторникот вечерта.„Пред да ја даде изјавата, претседателот Обама разговараше по телефон со претседателот Хамид Карзаи и со премиерот Дејвид Камерон и канцеларката Ангела Меркел, за да ги информира за плановите“, изјавил за агенцијата портпаролот на авганистанскиот претседател.Според процените во медиумите, во моментов во Авганистан се распоредени околу 66 илјади американски војници. Аналитичарите сметаат дека воената команда на САД ќе ги интензивира напорите за подготовки за повлекување на својот контигент од Авганистан. Меѓутоа, Белата куќа сѐ уште не донесе конечна одлука дали американските војници ќе останат во Исламската Република и по 2014 година, кога земјата ќе ја напушти главнината на силите на НАТО.
МакфаксАмериканскиот претседател Барак Обама, кој се очекува во вторникот навечер по македонско време да го објави повл