1 обланда
200 г афион
150 г мелени ореви
1 шолја мед
1 лимон
Обландата се става меѓу две влажни кујнски крпи за да омекне.
Се растопува медот на оган, па се трга од шпоретот и се додаваат афионот, мелените ореви и сокот од лимон.
Со филот ја премачкуваме обландата и виткаме ролат.
Кога ќе се излади се сече на парчиња.