Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, претежно во западните и во северните делови на земјата, информира УХМР.
Ќе дува умерен до засилен ветар од југозападен правец, наместа над 70 километри на час.
Минималните утрински температури ќе се движат во распон од 8 до 18 степени Целзиусови, а дневните максимални температури ќе изнесуваат од 13 до 26 степени Целзиусови.
Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветар од југозападен правец.