Петтата недела од Велигденскиот пост, која во календарот се нарекува Глува недела, името го добила по тоа што во голема мера е поминат постот и следи време на молчење, покајание, односно глуво време.
Втората недела пред Велигден, посветена е на Марија Египетска, маченица која на својот подвиг докажала дека има надеж за сите кои имаат желба искрено да се покајат и да кренат по вистински пат со божја правда.
Во Глувата недела црквата ги забранува сите веселби, забави, песни.
Не се заминува на пат, не се работат големи работи , не се носи стоката на пасење.