Многумина од нас не можат да функционираат додека не добијат своја доза на кофеин. Но, што се случува со нашиот мозок и цело тело кога земаме кофеин?
Сите знаеме дека расонува, но кофеинот го подобрува и расположението, концентрацијата и го намалува апетитот.
Ефектите траат со часови по конзумирањето. Би можело да се каже дека е нормално да се конзумираат до 400 милиграми кофеин на ден.
Дејство на кофеинот на мозокот
Може да го подобри помнењето, но најдобро влијае ако не го конзумирате пречесто. Ја подобрува концентрацијата и сме помалку поспани. Освен тоа, поттикнува лачење на допамин па го крева расположението и ги намалува симптомите на депресија.
Дејство на кофеинот на желудникот
Додека се бројни позитивните ефекти на дејството на кофеинот врз мозокот, со желудникот е нешто поинаку. Како кофеинот го зголемува нивото на киселина, може да предизвика гастритис. Oсвен тоа, го намалува апетитот.
Дејство на крвототкот
Кофеинот го зголемува крвниот притисок, но експертите велат дека тоа не се нивоа кои би требало да загрижуваат. Односно, едно кафе нема толку да го подигне притисокот да може да направи штета кај здрави, возрасни личности.