Ова светот се уште го нема видено- Кутињо се крштеваше во када во својот стан, но во неа не легна сам! Еве со кого

Фелипе Кутињо , најскапиот играч во историјата на Барселона, кој оваа сезона игра како позајмен фудбалер во Бајерн, се крсти во када во неговиот стан во Минхен.
Крштевката ја изврши бразилскиот свештеник Тиаго Брунет, кој дошол во Минхен од Мајами, каде што живее, за да ги крсти Кутињо, неговата сопруга и куќната помошничка.


Кутињо се пресели од Ливерпул во Барселона во јануари со рекордна отштета од 140 милиони евра. Но, тој не се наметна во клуб каде е најскап фудбалер во историјата, па летово беше префрлен на едногодишна позајмица во Баерн.
Германскиот шампион му плати 8,5 милиони евра , а следното лето може да го откупи за 120 милиони евра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.