Оваа апликација им е „омилена“ на криминалците

Апликацијата за телефонски повици „Телеграм“ стана главниот канал преку кој холандските криминални групи ги договараат своите активности, тврди холандскиот весник АД.
Весникот наведува дека холандските криминални груп преку апликацијата „Телеграм“ прават зделки со кокаин, екстази, огнено оружје и автоматски пушки.
Во апликацијата „Телеграм“, која е руска верзија на „Вибер“ и “Ватсап“, пораките се енкриптирани и компанијата не споделува никакви информации со истражните органи, така што им дава чувство на безбедност на криминалните групи, оценува весникот.


Преку оваа апликација беа координирани и терористичките напади во Париз,а според француските разузнавачки служби, таа е и „главната мрежа што ја користат терористите“.
Во 2016 година компанијата „Телеграм“ нудеше 300.000 евра на секој кој би успеал да ги декриптира пораките на апликацијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.