Оваа вештина често се занемарува, а сите емоционално интелигентни деца ја поседуваат

Низ годините на работа со родители, деца и старатели, психологот Лорен Стајбл често се среќава со прашањето како да се воспитуваат емоционално интелигентни деца.

„Децата со висока емоционална интелигенција ги имаат потребните алатки за да управуваат со своите чувства и односи на здрав и безбеден начин. Клучните компоненти вклучуваат самосвест, саморегулација и мотивација. Но, изненадувачки, она што најмногу се занемарува е емпатијата“, вели Стајбл.

Таа истакнува дека родителите на емоционално интелигентните деца уште на рана возраст ги учат своите деца на четирите вештини на емпатија. Тоа е како да заземете различни перспективи, како да избегнете осудување, како да препознаете емоции и како да комуницирате со разбирање.

„Кога вашето дете ќе види дека го применувате сето ова кон луѓето за кои се грижите, тоа учи вредна лекција за тоа како да биде подобар пријател и член во заедницата“, вели психологот.

Тајната за учење на емпатија, е да ја покажеш
Стајбл ги советува родителите да се поврзат со своите деца.

“Верувајте дека тие се љубезни луѓе и дозволувајте им да прават грешки. И не заборавајте да застанете и да кажете те сакам. Невозможно е да ги разгалите децата со љубов. Тоа се зборови со кои никогаш не може да претерате”, заклучила таа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.