За да ослабеме мора да се храниме здраво и да вежбаме. Тоа го знаат сите, но исхраната вклучува намирници за кои мислите дека се здрави, но треба да ги избегнувате доколку сакате да се ослободите од вишокот калории.
Нутриционистката Сузи Барел вели дека многу луѓе претеруваат со храната која е нискокалорична и не содржи масти. Ваквата храна има премногу шеќер, што значи дека се успорува процесот на слабеење.
Кои намирници треба да ги избегнувате?
Смути
Смути е здрав напиток, но количината на шеќер во само едно смути може да доведе до прекорачување на препорачаниот дневен внес.
Возрасните не треба да консумираат повеќе од 30 г шеќер дневно, а децата повеќе од 24. Едно смути содржи меѓу 60 и 80 г шеќер.
Ориз
Јаглехидратите се важен дел од секоја исхрана. Кафеавиот ориз е подобар од белиот, но не треба да претерувате со оваа намирница.
Една шолја варен кафеав ориз содржи 40 г јаглехидрати, исто како и 3 до 4 кришки леб.
Намаз
Намазите обично содржат многу маснотии. Половина шолја намаз од хумус содржи околу 200 калории.
Сушено овошје
Сушеното овошје има многу калории и концентриран шеќер. Подобро е да јадете свежо овошје кога сте гладни.
Крекери
Крекери и чипс од леќа се здрава варијанта на чипсот од компири. Меѓутоа, тоа не значи дека се здрави. Ако сте на диета, најдобро е да јадете пуканки.