Бонтонот не е само прашање на однесувањето на мажите кон дамите, туку и на односот на самите дами кон себе и кон околината.
За да може мажот да биде џентлмен и да се однесува кон женскиот пол, почитувајќи ги основните принципи на бонтон, жените мора да се однесуваат како дами во сите ситуации. Затоа, донесуваме некои основи на бонтон до кои жените мора да се придржуваат – без да коментираме дали тој бонтон го напишал маж или жена…
1.Дамата никогаш не ги држи лактите на масата.
2.Дали знаевте дека жената секогаш прва му подава рака на мажот? Исто така, постариот најпрво ја подава раката на помладиот, а обратно е знак на непочитување.
3.Ако шетате по улица со пријателка или некој друг, ако таа сретне и поздрави случаен минувач, треба да го поздравите и вие.
4.Во ресторан помладите стануваат кога на масата се приближува некој постар човек. Жената станува само ако е помлада, а некој постар по години се приближува до масата. Општо правило е дека кога некој ќе влезе во просторија каде што има луѓе, тој е првиот што ќе ги поздрави сите, без разлика на пол и возраст.
5.Човек кој е помлад на возраст, а е на висока позиција, не треба да очекува сите први да го поздрават.
6.Што се однесува до доаѓањето на состаноците, секогаш пристигнувајте на време и навреме извршувајте ги обврските – освен што сите ќе имаат само пофални зборови за вас, па ќе го почитувате туѓото и сопственото време.
7.Чувството за хумор е добредојдена особина, но вистинската дама никогаш не исмејува никого – само се шегувате на своја сметка!