Изненадувачки колку освежителен и вкусен колач!
- 300 гр бисквити
За прв дел
- 200 гр кисела павлака 20% масленост
- 100 гр чоколаден крем
- 1 банана
За втор дел
- 150 гр кисела павлака
- 5 лажици шеќер
- 150 гр јагоди
За украсување:
- 100 мл слатка павлака
- јагоди за украсување
- 100 мл млеко за потопување на бисквитите
Подготовка:
За подготовка на првиот фил ги мешаме со лажица чоколадниот крем и киселата павлака. За вториот фил ги мешаме со лажица киселата павлака и шеќерот.
Бисквитите многу кратко ги топиме во млеко, значи само ги ставаме во млекото и веднаш ги вадиме. Вака е за да кога ќе ги редиме во садот да не ни се лизгаат, а тие ќе си примат влажност од филовите.
Редиме бисквити, чоколаден фил, тенки кругови од банана, а потоа пак бисквити, бел фил, тенки кришки јагода, пак малку од белиот фил, да ги пополни празнините, пак бисквити, чоколаден фил, кругови банана.
На крајот бисквити и една лажица од белиот фил. Оставаме да се стегне во фрижидер, па потоа украсуваме по желба.