ОВЧАРСКА ТОРБИЧКА: Ретко кој знае колку е лековита, еве како се користи

ОВЧАРСКА ТОРБИЧКА – Capsella Bursa-Pastoris (Русомача, „Ме сака – не ме сака, Бабини гниди, Моминска трева, Сангунариа). Овчарската торбичка е едногодишно или двегодишно растение, со исправено, слабо разгрането стебло високо до 50 см. Цвета од март до ноември.
Листовите во основата му се покрупни и перјасто разделени, цветовите се бели и ситни, во гроздовидни соцветија. Плодовите се ситни тркалезно-срцести лушпи. Расте насекаде покрај патишта, ливади, полиња и градини и најчесто се смета за коров.

УПОТРЕБА: За лек се собира надземниот дел, кој се употребува против сите видови на кр-вавења (од нос, желудник, црева, хемороиди, од ра-ни кога кр-вавењето не може да запре) и кај неуредна мен-струација.
При силни мен-струални кр-вавења треба да се пијат по две чаши чај (на 200 мл зовриена вода се става полна чајна лажичка од билката), осум до десет дена пред мен-струацијата. Овој чај се користи и за регулирање на мен-струацијата во пубертет.

Во периодот на менопауза секоја жена би требало да пие по две чаши чај, во текот на четири седмици, а потоа да се направи пауза од три седмици, па да се повтори цикусот.
Исто така, се употребува и за лекување на тумори (фиброми) на матка, за регулирање на кр-вниот притисок (и за висок и за низок кр-вен притисок).
Овчарската торбичка може да се употребува за болести на мускулите, зглобовите, слабост на мускулите на дебелото црево, пролапс (испаѓање на дебело црево), матка и кила. Се употребува во форма на чај, облоги, купки и тинктура.
Класично приготвување на чај: полна чајна лажица сува билка се попарува со 250 мл врела вода, се остава кратко да отстои, па се процедува.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.